text size
Компанијата „Дипсик“ (DeepSeek) претстави пробни верзии на својот нов, понапреден модел на вештачка интелигенција (ВИ), една година откако ја потресе Силициумската Долина со првиот модел. „Дипсик“ го нарече новиот модел најмоќна платформа со отворен код, упатувајќи предизвик кон ривалите како компаниите „Опен еј-ај“ (OpenAI) и „Антропик“ (Anthropic).