Највисокиот раководител на „Епл“ (Apple) задолжен за модели на вештачка интелигенција (ВИ) заминува во „Мета“ (Meta Platforms), што претставува нов удар за производителот на ајфони во областа на вештачката интелигенција.
Руоминг Панг, истакнат инженер и менаџер што го водеше тимот на „Епл“ за основни модели (foundation models), ја напушта компанијата, според извори запознаени со ситуацијата. Панг, кој во „Епл“ пристигна од „Алфабет“ (Alphabet Inc.) во 2021 година, е најновото големо засилување во новата група на „Мета“ – групата за суперинтелигенција, рекоа извори што побараа да останат анонимни поради доверливоста на информациите.
За да го привлече, „Мета“ понудила пакет вреден десетици милиони долари годишно, наведуваат изворите. Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, спроведува вистински лов на таленти во областа на вештачката интелигенција, ангажирајќи клучни лидери како Александр Ванг од „Скејл“ (Scale AI), основачот на стартапот Даниел Грос и поранешниот извршен директор на „Гитхаб“ (GitHub), Нат Фридман, со високи плати.
Прочитај повеќе

Како ВИ агентите им помагаат на потрошувачите да донесат одржливи одлуки
Посетувајќи го Белград по повод неодамнешната конференција „Одржливи стратегии“ организирана од „Блумберг Адрија“, Малин Берге ја објасни идејата на „Мастеркард“за иднината на пазарот.
06.07.2025

ВИ-четботовите сакаат да се навлечете на нив – можеби и премногу
Виртуелните пријатели базирани на ВИ веќе се реалност и работат во нерегулирани услови, без јасни законски прописи и контроли.
29.06.2025

„Мета“ ангажира врвни истражувачи за ВИ од „Гугл“ и „Сесами“
„Мета платформс“ ангажираше врвни инженери од повеќе технолошки фирми, вклучувајќи ја и „Гугл“ на „Алфабет“, за формирање нов тим фокусиран на постигнување суперинтелигенција.
12.06.2025

Марк Закерберг лично вработува нов тим за вештачка „суперинтелигенција“
Марк Закерберг лично регрутира истражувачи и инженери за ВИ кои се сретнале со него во последните недели во неговите домови во Лејк Тахо и Пало Алто.
10.06.2025
Папата Лав XIV ја идентификува вештачката интелигенција како голем предизвик за човештвото
Според новиот папа, ВИ е предизвик за одбраната на човечкото достоинство, правдата и трудот.
11.05.2025
„Мета“ исто така ги ангажирала Јуанжи Ли, истражувач од „Опен еј-ај“ (OpenAI), и Антон Бахтин, кој работел во компанијата „Антропик“ (Anthropic PBC), според други извори. Минатиот месец „Мета“ вработила уште неколку истражувачи од „Опен еј-ај“.
„Мета“ во понеделникот потврди дека го вработува Панг. „Епл“, Панг, „Опен еј-ај“ и „Антропик“ не одговорија на барањата за коментар. Што се однесува до „Мета“, Закерберг ја постави ВИ како приоритет на компанијата во трката да ги стигне конкурентите како „Опен еј-ај“ и „Гугл“. Тој активно е вклучен во регрутацијата, што значи дека често ги пречекува потенцијалните вработени во своите вили во Силициумската Долина и на езерото Тахо и лично контактира со нив.
Закерберг кон крајот на јуни ги реорганизираше тимовите за ВИ во компанијата за подобро да се фокусираат на „суперинтелигенција“ – ВИ-технологија што може да извршува задачи еднакво добро или подобро од луѓето. „Мета“ најави дека годинава ќе вложи десетици милијарди долари во ВИ, главно во инфраструктура како дата-центри и чипови.
Панг во „Епл“ водеше тим од околу сто луѓе, задолжени за големи јазични модели што ги поддржуваат АИ (Apple Intelligence) и другите функции за ВИ на уредите „епл“. „Епл“ во јуни најави дека тие модели за првпат ќе бидат отворени за програмери од трети страни, што ќе овозможи развој на нови апликации за ајфон и ајпад.
Сепак, интерно, тимот за основни модели е под притисок од новото раководство, кое разгледува користење модели од трети страни, вклучувајќи ги „Опен еј-ај“ или „Антропик“, за новата верзија на Сири. Овие интерни дискусии влијаеле на моралот на тимот АФМ (Apple Foundation Models) во последните недели. Додека компанијата истражува премин кон решение од трета страна за ВИ во новата верзија на Сири, истовремено работи и на нова верзија базирана на моделите развиени од тимот на Панг. Тие модели ги поддржуваат и функциите на АИ (Apple Intelligence) како што се резимирање на е-пошта и веб-статии, Genmoji (анимирани емотикони) и Priority Notifications (приоритетни известувања).
Марк Закерберг
Ова значајно заминување, најголемо од сферата на ВИ во редовите на „Епл“ откако компанијата започна со работа на АИ (Apple Intelligence) пред неколку години, ја покажува интензивната конкуренција за таленти во оваа растечка област. Најдобрите инженери добиваат милионски годишни плати од „Мета“ – значително повеќе отколку што „Епл“ им плаќа на своите инженери на слични позиции. Заминувањето на Панг може да биде прво од многуте од групата АФМ, со оглед на тоа што некои инженери им кажале на колегите дека планираат наскоро да заминат во „Мета“ или на друго место, наведуваат извори.
Том Гантер, главниот помошник на Панг, го напушти „Епл“ минатиот месец, извести тогаш „Блумберг“. Тимот за основни модели сега одговара на Дафни Луонг, висока соработничка на потпретседателот за ВИ, Џон Џанандреа. Претходно годинава Џанандреа беше маргинализиран во рамките на компанијата и ја изгуби контролата над Сири, роботиката, кор МЛ (Core ML) и ап интентс (App Intents) рамките во програмирањето и другите тимови задолжени за потрошувачки производи.
Тоа се случи по слабата реакција на АИ (Apple Intelligence) и одложувањето на новите функции на Сири, вклучувајќи ја можноста за користење кориснички податоци за извршување команди. По заминувањето на Панг, тимот АФМ ќе го преземе Жифенг Чен. За разлика од структурата под Панг, каде што поголемиот дел од инженерите директно му одговараа нему, се воведува нова организација со повеќе менаџери што ќе му одговараат на Чен, додека инженерите ќе им одговараат ним.
Луѓе блиски до тимот наведуваат дека Чонг Ванг, Зируи Ванг, Чунг-Ченг Чиу и Гуоли Јин би можеле да бидат новите менаџери во таа структура.
Вкупната ВИ-стратегија на „Епл“ сега главно ја водат Крег Федериги, шеф на софтверско инженерство, и Мајк Роквел, кој помогна во создавањето на уредот „епл вижн про“ (Apple Vision Pro) и сега го води инженерството за Сири. Џанандреа е задолжен за истражувачкиот разгранок на „Епл еј-ај“ (Apple AI). На АВДК (Apple Worldwide Developers Conference) во јуни, ВИ-технологијата на „Епл“ доби само мал простор, појавувајќи се во нови функции за превод на повици и текстуални пораки.
Неколку други ВИ-функции, вклучувајќи анализа на скриншоти на уредот и подобрено генерирање слики, дојдоа од партнери, меѓу кои се „Опен еј-ај“ и „Гугл“. Компанијата исто така претстави нова верзија на „Екскод“ (Xcode), која може да завршува код со помош на Клод (Claude) и ЧетГПТ (ChatGPT).
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...