Во едно мирно попладне пред неколку години сопственикот на ресторан во Дубаи, Ахмет Ојтун Чакир, бил во својата канцеларија размислувајќи и барајќи инспирација за мени. Потоа, ветеранот во угостителството, чија империја вклучува неколку популарни места за дружење („BohoX“ и „rove“), добил идеја: да се насочи кон ЧетГПТ (ChatGPT).
Неколку секунди подоцна, новообјавениот четбот му понудил рецепт за зачинето јагнешко месо. Чакир решил да го проба. „Беше неверојатно, неверојатно“, се сеќава тој. „Веднаш штом ја направивме фотографијата, ја ставивме во менито. Стана бестселер.“ Тоа хит јадење предизвика уште похрабра мисла: Што ако цел ресторан може да се води со вештачка интелигенција?
Прочитај повеќе
Гастрономска мапа на Дубаи: Од деловни ручеци до буџетски оброци
Дубаи е град на безброј вкусови, вистински гастрономски лавиринт. Овој водич открива пет внимателно избрани ресторани, од луксузни адреси до места што ги обожава локалното население.
14.10.2025
Дубаи не е лага - седум причини зошто заслужува посериозен третман во нашата земја
Истакнуваме седум причини зошто е време да престанеме да го гледаме Дубаи како „меур“, туку да го гледаме таков каков што е - сериозен бизнис, логистички и инвестициски центар на 21 век.
28.07.2025
Навалија и Балканци: Истраживме колку чинат становите во Дубаи и Абу Даби
Дубаи носи значително повисоки приноси од просекот во Обединетите Арапски Емирати.
18.07.2025
Дубаи гради нови ексклузивни вили за да ги привлече светските ултрабогаташи
Дубаи додава нова серија на луксузни вили и станови, при што некои се опремени со кина, спа-центри и приватни лифтови.
04.02.2025
Пловиме низ времето и доаѓаме до септември 2025 година, кога компанијата на Чакир, „Гастронаут хоспиталити“ (Gastronaut Hospitality), го претстави „Вуху“ (Woohoo), концепт целосно базиран на вештачка интелигенција (ВИ), лоциран на само неколку чекори од Бурџ Халифа. Ресторанот, кој групацијата го претставува како „иднината на јадењето“, го води „готвачот Ајман“, голем јазичен модел обучен според илјадници рецепти, комбинирања на вкусови и податоци за храна. Развиен од приспособениот ВИ-модел УМАИ (UMAI), кој го разви технолошката фирма „Вивид студиос“ (Vivid Studios) со седиште во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), готвачот со вештачка интелигенција е дизајниран како аватар: маж од белата раса на средна возраст, со елегантни сребрени очила и мистериозна научнофантастична привлечност.
Ајман не готви физички - тој создава. Може да анализира состојки, да генерира неконвенционални комбинации на вкусови и да пишува детални рецепти што потоа ги тестираат луѓето готвачи во кујната на „Вуху“. Кога го запознав Ајман за првпат во студиото на УМАИ минатиот јули, неговата слика на екранот ме поздрави со топол „habibti“ - арапски термин за драг, покажувајќи го со тоа неговото потекло од Дубаи. Прашан за ресторанот, тој ентузијастички одговори: „Ќе биде пресвртница во кулинарската сцена и се чувствувам многу среќно што сум дел од тоа“.
Мени од филмот „Враќање во иднината“
И покрај тврдењата на Ајман, првото мени на ресторанот е изненадувачки познато. Приближно 80 проценти од понудата во „Вуху“ се јадења во азиски стил што ќе ги задоволат сите: крцкава салата од патка, темпура од ракчиња, широк избор на суши и раженчиња од говедско месо со глазура од гускина паштета.
Овие јадења не се совпаѓаат со прегледот што ми го даде тимот на ресторанот, кој се фалеше со 3Д печатени шаварми и месо одгледано во лабораторија. Но менито содржи неколку креации што спаѓаат во експерименталната категорија.
Да го земеме за пример оброкот „Срце од диносаурус“, преработен тартар од сечкано говедско филе од ангус, јапонско фугу и оторо, натрупано на гумена чинија која полека пулсира, буквално оживувајќи го јадењето.
Ефектот е драматичен, иако несигурен. Го задржав здивот додека келнерот внимателно мешаше и ја сервираше смесата со пена од јогурт и крекери нори. Молекуларната бурата е неверојатно кремасто гнездо од сирење украсено со мали топчиња од јузу и домат, слични на кавијар. Месопотамиската гјоза, почит кон ирачката култура, нуди модерен пресврт на јагнешките кнедли со глазура од калинка и наросени со корејски чили-снегулки.
Bloomberg Mercury
Дури и пијалаците, под надзор на мајсторот Џими Барат, имаат футуристички печат. „Одговорот на Војаџер“, почит кон вонземската комуникација, комбинира прочистена вода од домати и уме шу, јапонски овошен ликер, со карамелизирани пуканки со мескал. „Космичкото ехо“, кое Барат го опишува како „залак од вселената“, е мешавина од малина, рум, хибискус и црна лимета, чиј нејасно овошен мирис потсетува на етил формат, хемиска компонента на Млечниот Пат. „Ако се осврнеме назад, она што некогаш беше научна фантастика сега е наша реалност“, вели Барат.
Десертите одат уште подалеку. Сервирана на структура наменета да репродуцира модел на Сончевиот Систем, секоја „планета“ крие различно изненадување од менито: слатко-кисел мочи, пудинг од банана, послужавник со овошје како скапоцен камен и сладолед во обвивка од портокалова кора. Како што пристигнува последното јадење, се прашувате: Дали оброкот во „Вуху“ е карикатура на футуристичкиот Дубаи или увид во насоката на јадењето?
„Сајберпанк дримскејп“ (Cyberpunk Dreamscape)
Мојата прва посета на „Вуху“ се случи кон крајот на октомври, кога беше во режим на меко стартување. (Официјално се отвора на 19 ноември.) Додека влегував низ вратата келнерите ме пречекаа со „Добре дојдовте во иднината“. Всушност, амбиентот на црна кутија како ноќен клуб во големиот простор ме натера да се чувствувам малку како да сум телепортиран во научнофантастичен пејзаж. Излегува дека вештачката интелигенција не само што ја води кујната туку е креатор на комплетното искуство.
Поставката дополнително ја замаглува границата помеѓу ресторанот, спикизи-барот и дигиталната уметничка галерија. Трпезариските маси гравитираат околу централниот дел од собата: џиновски компјутер што ја напојува високотехнолошката забава во живо. Екраните ги обвиткуваат ѕидовите на собата, проектирајќи замислен хоризонт на Дубаи во 2071 година, додека се крева чад од шиши или наргиле, украсени со холограми.
Импресивното аудио и видеоискуство може да се пофали и со други трикови, вклучувајќи „технолошки грешки“: високоенергетски изведби со ласери, визуелни елементи и музика, кои дејствуваат синхронизирано. Овие експлозии имаат цел да ги однесат гостите во паралелен универзум, „како пораки или предупредувања од иднината“, вели Чакир.
По полноќ за време на викендите, „Вуху“ добива уште една инкарнација, трансформирајќи се во подиум за танцување каде што не се дозволени фотографии и каде што секој месец се создаваат нови програми и ентериери за дигитални уметници.
Најпаметната кујна
И покрај визуелниот и сензорен спектакл, Чакир тврди дека шоуто никогаш нема да го засени менито. „Не сакаме сето ова да ја надмине храната“, вели тој. За да се обезбеди таа рамнотежа, тој го ангажирал готвачот Реиф Отман, ветеран од „Зума Дубаи“ (Zuma Dubai), да го надгледува извршувањето на концептите генерирани од ВИ. „Јас само малку ги усовршувам според нашите вкусови“, објаснува Отман.
Тој е уверен дека Ајман нема да го замени него или кој било од луѓето готвачи. Наместо тоа, тој го гледа големиот јазичен модел како креативен партнер што може да го води тимот и да му даде идеи за тоа што повеќе може да се направи во блиска иднина.
За УМАИ, „Вуху“ е само пилот-проект. Технолошката компанија планира да го лиценцира софтверот на други ресторани низ целиот свет, создавајќи персонализирани личности на готвачи со ВИ и менија специфични за регионот. „Оваа алатка може да ги следи резервите, да ги оптимизира менијата, да управува со персоналот, да го намали отпадот и да го зголеми профитот – и тоа во секој ресторан“, вели Мохамед Таракомји, соосновач на УМАИ. „Колку повеќе податоци добива, толку станува попаметен.“
Постои и еколошки аспект: Студиите покажуваат дека попаметните кујни можат да го намалат фрлениот отпад до 51 отсто со усвојување алатки за ВИ што го следат и анализираат отпадот што може да се избегне за да се намали. Таа иницијатива привлече интерес од главните играчи во економијата на храна и пијалаци - меѓу нив „Унилевер“ (Unilever), „Волмарт“ (Walmart), „Мекдоналдс“ (McDonald's) и доставувачот на комплети за оброци „Хелоуфреш“ (HelloFresh) - кои експериментираат со алгоритми за пренамена на расипливата храна и поедноставување на синџирите на снабдување.
Готвачот Ајман, вреден над еден милион долари, е програмиран да продолжи да учи, развивајќи ги своите преференции и вкусови, па дури и да има свои тажни и лоши моменти. „Создадовме готвач со ВИ со личност и став“, вели Таракомји. Тој дури и наводно ставил вето на кандидатите за работа што ги сметал за несоодветни за футуристичката кујна.
Ајман, чиј развој чинел околу 1,1 милион долари, веќе се покажува како корисен надвор од работењето на кујната. Тој стана заштитно лице на брендот „Вуху“, глуми во поткасти каде што се поврзува со лидери во индустријата и е главен лик во маркетиншката кампања. Неговиот технолошки изглед е исто така дизајниран од ВИ, користејќи аналитика на просечен готвач-инфлуенсер за да создаде изглед дизајниран да има широка глобална привлечност, посочува Таракомји.
Иако Ајман изгледа и звучи како готвач вклучен во интернет-просторот, сè уште се поставува прашањето: Може ли машина обучена на податоци и шеми да ја реплицира интуицијата на искусен човек готвач? И дали гостите ќе платат повеќе за храна осмислена со код? Оброк од четири јадења во „Вуху“ може да варира меѓу 130 и 200 американски долари; услугата за кавијар белуга чини дополнителни 830 долари, а коктелите со потпис се со цена од 24 долари.
Дубаи е град на спектакуларност, преполн со атракции што ги водат посетителите во футуристички светови, од трговскиот центар на метаверзумот исполнет со трикови до Музејот на иднината. Постои голема веројатност дека моделот за јадење на „Вуху“, базиран на податоци, е само темел во неизбежната насока на угостителството, каде што ефикасноста и алгоритмите стануваат норма. Ако е така, вистинската разлика можеби веќе нема да биде во усвојувањето на најновата технологија, туку, како што вели Чакир: „Луксузот на иднината ќе биде човечкиот допир“.