text size
BlockFi Inc. банкротираше, станувајќи последната во низата крипто компании кои пропаднаа по падот на FTX. Компанијата, преку процес заснован на таканареченото Поглавје 11, „ќе се обиде да ги врати сите побарувања што ѝ ги должат клиентите, вклучително и FTX и други компании“, се вели во соопштението. Се додава дека наплатата на средствата од FTX ќе биде побавно поради банкротот на таа компанија.