Сопственикот на „Твитер“, Илон Маск, изјави дека компанијата за социјални медиуми наскоро ќе го промени своето лого, со што ќе се ослободи од сината птица, која долго време беше нејзино препознатливо обележје.
„Доколку вечерва биде објавено доволно добро лого на X, утре ќе се појави во живо низ целиот свет“, твитна Маск доцна во саботата. Приближно шест месеци откако го купи „Твитер“ за 44 милијарди долари, тој ја спои компанијата во ентитет наречен „X Corp.“, велејќи дека „Твитер“ е само основа за изградба на апликација за сè, наречена X. Привременото лого X доаѓа в недела, најави тој во пораката објавена подоцна.
„Услугата X е замислена како ’глобален пазар за идеи, стоки, услуги и можности’ напојуван со вештачка интелигенција“, додаде неодамна новата главна извршна директорка на „Твитер“, Линда Јакарино, во белешката ретвитната од Маск во неделата. Тоа би вклучувало плаќања и банкарство заедно со аудио, видео и пораки.
Прочитај повеќе
Илон Маск најави промена на логото на „Твитер“
Милијардерот твитна блескав Х на „Твитер“ и најави дека ќе се ослободи од птиците кои беа заштитен знак на компанијата
23.07.2023
Може ли Твитер да го преживее доаѓањето на Тредс?
Доаѓањето на нов конкурент сериозно ја загрози позицијата на Твитер, кој во последно време минува низ разни турбуленции, а неговите акции губат вредност.
19.07.2023
Нова тужба за Маск: Манипулирал со цената на доџкоин?
Тужбата се заснова на наводи за пазарни манипулации и инсајдерско тргување, кое било смислено од самиот Илон Маск за вештачки да ја зголеми цената на доџкоин за повеќе од 36.000 проценти
11.07.2023
Позитивниот вајб на „Тредс“ под закана од говор на омраза
Mеѓу првите корисници на „Тредс“ има лица поврзани со ширењето на дезинформации и говор на омраза на други сајтови
08.07.2023
Повеќе од очекувањата: За два дена 70 милиони лица на „Тредс“
На „Тредс“ луѓето можат да објавуваат текст и линкови и да одговараат или повторно да објавуваат пораки од други
08.07.2023
„Наскоро ќе се поздравиме со брендот на Твитер и, постепено, со сите птици“, напиша Маск во друга објава. Тој не кажа дали ќе се обиде да ги натера корисниците да го укинат терминот „твитање“, кој влезе во јавниот лексикон. Тој исто така ја смени својата биографија на страницата - каде што сега има 149 милиони следбеници и 111 претплатници што плаќаат на неговата сметка - во X.com. Таа веб-адреса сега пренасочува на Твитер.
Ремонтот на брендот на Маск се совпаѓа со притисокот од новиот конкурент Тредс (Threads) од „Мета“ (Meta Platforms Inc). Новата мрежа на Марк Закерберг собра 100 милиони корисници за помалку од пет дена по лансирањето на почетокот на овој месец. Тредс ги користи сметките на Инстаграм и функционира како поедноставна верзија на Твитер без реклами.
Твитер сè уште има страница со бренд-алатки на својата веб-страница, која ја нарекува светлосината птица нејзина „најпрепознатлива предност“. Иако таа страница вели дека компанијата го заштитува своето лого и нуди упатства како да го користи, Маск очигледно не ѝ е обожавател.
„Тоа требаше да биде направено одамна“, рече тој за време на краткото појавување на Твитер спејсес (Twitter Spaces), мислејќи на промената на логото. „Со факли го отсекуваме логото на Твитер од зградата“, рече тој, потенцијално мислејќи на знакот што тој веќе го смени во седиштето на компанијата во Сан Франциско.
Многуте промени на Маск на „Твитер“ досега не функционираа добро за засегнатите страни. „Фиделити“ во мај ја намали вредноста на своето учество во компанијата за две третини, додека „АРК инвестмент менаџмент“ на Кети Вуд го намали својот удел за 47 проценти, како што изјави таа за „Волстрит журнал“ минатата недела.
Во март, Маск сугерираше дека компанијата врти нова страница така што ќе го направи рекламирањето порелевантно. Тој рече дека „Твитер“ има шанса да се изедначи на основа на готовинскиот тек во вториот квартал. Тоа предвидување беше преоптимистичко. Маск на почетокот на овој месец твитна дека готовинскиот тек на „Твитер“ е сè уште негативен и за тоа вината ја насочи на падот на приходите од реклами за приближно 50 проценти, заедно со оптоварувањето на долгот на компанијата.