text size
Кинескиот гигант за е-трговија „Алибаба“ (Alibaba Group Holding Ltd.) отпушти 9.241 вработен во периодот од април до јуни, годинава. Фирмата со седиште во Хангжу објави дека имала нешто повеќе од 245.000 вработени на крајот на последниот извештајен квартал. „Алибаба“, исто така, ја намали својата работна сила во првите три месеци од годината за 4.375 лица, со што им се придружи на глобалните технолошки компании кои со слични чекори сакаат да ги зауздаат трошоците во време на зголемена инфлација, материјални трошоци и политички тензии.