text size
Индиската комапнија „Випро“ (Wipro), планира да потроши една милијарда долари за да ги обучи своите 250.000 вработени за вештачка интелигенција (ВИ) и да ја воведе новата технологија во своите производи. Во следните три години се планира здружување на 30.000 вработени од секорите аналитика на податоци, консултантски и инженерски тимови за имплементација на технологијата во сите внатрешни операции и решенија што им се нудат на клиентите, се вели во соопштението на „Випро“ (Wipro).