text size
Компанијата за производство на електрични автомобили „Тесла“ планира да инвестира повеќе од една милијарда долари во проектот „Доџо“ (Dojo), за да стане еден од играчите во креирањето суперкомпјутери. Парите се планира да бидат инвестирани до крајот на 2024 година. Извршниот директор Илон Маск им објасни на инвеститорите дека суперкомпјутерот е дизајниран да обработува огромен број податоци, вклучувајќи и видеа од автомобилите на „Тесла“ што се потребни за создавање софтвер за автономно возење.