Ако барате место каде што ќе можете да видите и да слушнете повеќе за современи ИТ-решенија од областа на финансиите и банкарството, претстојната Конференција и изложба на Technobank е вистинското место за вас.
Водечката конференција и изложба за ИТ во регионот ќе се одржи на 17 и 18 април 2024 година во Белград, во хотелот Crowne Plaza, а отворањето е најавено за среда, 17 април во 9:00 часот.
Technobank традиционално (23 години) претставува главно место каде што се среќаваат технологијата и најдобрите практики во Југоисточна Европа. Од една страна, таа обединува претставници на реномирани ИКТ-компании кои ги претставуваат своите иновативни технолошки решенија и производи, а од друга страна, претставници на банкарскиот и финансискиот сектор.
Учесниците ќе присуствуваат на разни панел-дискусии, студии на случај и примери од пракса што се применуваат на разни пазари. Учесниците на конференцијата Technobank ќе имаат можност да ги збогатат своите искуства, контакти и деловни процеси преку лична и директна интеракција.
Организаторот ќе овозможи дополнително ниво на интеракција и вмрежување на конференцијата на Технобанк преку онлајн порталот „reach out & connect“, достапен за пријавените учесници. Ќе објавиме повеќе информации за оваа функционалност во наредните денови.
Доколку сте дел од ИТ или од банкарската индустрија и сакате да ги дознаете актуелните трендови на дигитална трансформација на банкарските технологии, пополнете ја онлајн-пријавата и регистрирајте се за присуство на конференцијата преку ВРСКАТА.
Според организаторите, оваа година главниот фокус ќе биде ставен на влијанието на вештачката интелигенција врз хуманото банкарство. Покрај тоа, ќе се зборува за електронските пари, Soft POS решенија, дигитализацијата на банкарските процеси, автоматизацијата на готовинските депозити, напредните системи за заштита, регулативите, e-трговијата како најбрзорастечка индустриска гранка и други актуелни теми од областа на банкарската технологија.
Истакнуваме четири панел дискусии:
Агендата на конференцијата можете да ја најдете на следниот линк АГЕНДА.
На претстојната конференција свои решенија ќе претстават некои од следниве компании: Payten, NCR Atleos, Printec, Algotech, Temenos, Muehlbauer, Orion Innovation, Backbase, Nexi, Halcom и многу други.
Cписок на компании учеснички може да најдете ТУКА.
Видео од минатогодишната конференција може да погледнете подолу:
Организаторот на Technobank, ASIT, организира и други конференции со повеќедецениска традиција од областа на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ), а тоа се Infotech и Smart eGovernment. „Сите три конференции што ги организираме имаат јасен фокус на унапредување на работењето во разни сектори, преку модерни ИТ-решенија”, велат организаторите.
Следете не на социјалните мрежи: