Во 2024 година 13,5 проценти од компаниите во ЕУ со 10 или повеќе вработени користеле технологии за вештачка интелигенција (ВИ) за водење на нивниот бизнис. Статистичките податоци на „Евростат“ покажуваат дека тоа е солиден раст во однос на осум отсто од компаниите што интегрирале ВИ во своето работење во 2023 година.
Највисоко учество на овие компании во вкупниот број има во Данска (27,6 отсто), Шведска (25,1 отсто) и Белгија (24,7 проценти). На другиот крај се Романија (3,1 отсто), Полска (5,9 отсто) и Бугарија (6,5 проценти).
Прочитај повеќе
Пристапот на САД кон вештачката интелигенција треба да ја разбуди и Европа
Пристапот на САД треба да биде „аларм за будење“ за Европа да се организира и да инвестира во овој сектор.
23.01.2025
Како ВИ го менува начинот на кој следиме спорт: Австралија опен нуди добри примери
Австралија опен 2025 постави нови стандарди за тоа како спортот може да се претстави пред глобалната публика.
22.01.2025
Револуција: „Опен еј-ај“ создава агент за вештачка интелигенција
Мистериозниот агент за вештачка интелигенција Оператор комплетно ќе ја промени автоматизацијата.
22.01.2025
Давос 2025: Седум пораки за растечките сајбер закани
Вештачката интелигенција ја подобрува одбраната, а истовремено им овозможува на противниците да развијат софистицирани методи на напад.
21.01.2025
Јутјуберите со нов извор на заработка - обучуваат вештачка интелигенција
Јутјубери и други креатори на содржини ги продаваат своите неискористени видео снимки на компании за вештачка интелигенција.
12.01.2025
Револуционерни иновации на годината: Избор на топ 10
Лас Вегас и годинава стана центар на технолошкиот свет, каде што за време на четири дена се одржува долгоочекуваната конференција ЦЕС (CES 2025).
09.01.2025
Во извештајот од „Евростат“ се забележува дека кај сите земји на ЕУ има зголемување на уделот на претпријатија што користат технологии за вештачка интелигенција во споредба со 2023 година, при што Шведска забележала најголем пораст од 14,7 процентни поени (п.п.), а следуваат Данска (+12,4 п.п.) и Белгија (+10,9 п.п.). Спротивно на тоа, скромни зголемувања се забележани во Португалија (+0,8 п.п.), Романија (+1,6 п.п.) и во Шпанија (+2,1 п.п.).
„Претпријатијата продолжија да прифаќаат различни технологии за вештачка интелигенција за да ги подобрат своите операции. Најкористена технологија за вештачка интелигенција беше вршењето анализа на пишаниот јазик (препознавање текст). Ова го усвоиле 6,9 проценти од претпријатијата, што е за четири процентни поени повеќе од 2023 година“, пишува во соопштението од „Евростат“.
Според европската статистичка канцеларија, втората најкористена технологија за вештачка интелигенција е генерирањето пишан или говорен јазик (генерирање природен јазик), користено од 5,4 отсто од претпријатијата (+3,3 п.п. во споредба со 2023 година). Потоа следува можноста за конвертирање на говорниот јазик во машински читлив формат (препознавање говор), користено од 4,8 проценти претпријатија, односно за 2,2 п.п. повеќе отколку во 2023 година.
Словенија е лидер во регионот, Турција е единствена во која употребата на ВИ се намалува
Словенија е државата што котира одлично на табелата на ЕУ во однос на процентуалното користење на ВИ од страна на компаниите. Таа е седмата земја на листата, со една петтина поточно 20,89 отсто компании што користат вакви технологии. И напредокот е особено воодушевувачки, бидејќи бројката за една година е удвоена. Во 2023 година ВИ во работата имплементирале 11,37 отсто од фирмите.
Сите други држави се далеку подолу во користењето ВИ во бизнисот. Хрватска има 11,76 отсто такви компании, Грција 9,81 отсто, Црна Гора 7,91 отсто, Србија 6,95 проценти, Бугарија 6,47, а Босна и Херцеговина 6,36 отсто. „Евростат“ не располага со ваков тип информации за Македонија и за Албанија.
Интересен е податокот за Турција. Оваа држава е на дното од табелата заедно со Романија, која е најлоша земја во поглед на употреба на ВИ во фирмите. Во Романија процентот е 3,07, а во Турција 4,42. Но невообичаеното е што Турција е единствената држава во која процентот се намалил и од 5,51 отсто во 2023-та паднал на 4,42 проценти во 2024 година.