Назив и место, датум на основање: АДИНГ АД, Скопје компанија основана на 30.05.1969 година во Скопје, Р.Македонија.
Индустрија, област: Производство и продажба на хемиски материјали за градежништвото / Хемиска индустрија.
Број на вработени: 93
Пазари: Регионот на Југоисточна Европа, Казахстан, Уганда.
Извоз: 225,128,818 денари (3,631,110 евра)
Брендови: Суперфлуид, Ингунит (Суперпластификатори и Забрзувачи) Адингпокс Аква, Антикорозин (Заштитни премази за бетони) Хидромал Флекс (Цементна хидроизолација)
EBITDA 2021: 26,437,041 денари (426,404 евра)
Нето приход: 22,043,216 денари ( 355,536 евра)
Капитал: 368,085,147 денари (5,936,857 евра)
Општествена одговорност: Грижата за заедницата е важен дел од секојдневните активности и развојните планови на компанијата.
Визија: Секогаш да сме еден чекор пред останатите. Мотото, да се биде „состојка на секоја градба“ ја покажува насоката кон која се стремиме и нашата постојана потрага по нови предизвици. Ова е возможно со иновации, брз интерен трансфер на знаења и фокус на современите барања на градежната индустрија.
Мисија: Да обезбедиме навремен одговор за барањата на партнерите и техничка поддршка од нашите експерти на терен, брзи и квалитетни решенија и навремена испорака на производи во согласност со ЕУ и локалните стандарди.