Анализа

КОСТАЛ Македонија

Извор: Bloomberg Adria

27 јуни 2022, 16:27

КОСТАЛ Македонија

 

Назив, место и година на основање на компанијата: КОСТАЛ Македонија, Охрид, основана во 2015, почеток на производство во октомври, 2016.

Дејност, област, опис на најважни производи: КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е една од водечките компании на глобално ниво за производство на електронски и мехатронски компоненти за автомобилската  индустрија.  Главни производи: мехатронски модули (кровни модули, автоматски менувачи и сл.), електронски контролни единици, прекинувачи, внатрешни полначи за електрични автомобили (OBC).

Број на вработени: 960

Пазари: Европска Унија (Германија, Шпанија, Полска, Чешка, Словачка, Холандија), Велика Британија, САД, Мексико, Кина.

Вредност на извозот и најпознат бренд:

Извоз 2021: 75 милиони евра.

Производи: Работа за премиум брендови од автомобилската индустрија -  Порше, Ауди, Фолксваген, БМБ, Мерцедес, Јагуар, Ланд Ровер, Тесла, Сеат, Шкода.

EBITDA  2021: Како приватна компанија, не сме во состојба да ви откриваме финансиски податоци/информации кои се од доверлива природа.

Инвестиции: Над 100 милиони евра инвестиции до 2021 година, се планира да се интензивираат и околу 80 милиони евра во 2022 и 2023 година.

Општествена одговорност: Програма за дуално образование, инженери на тренинг,  финансиска поддршка на сите главни спортски настани во Охрид - Охридски Пливачки маратон,  Охрид трчаТ маратон, разни донации итн.

Визија и стратегија: Најголем фокус на инвестирање во човечки капитал, во најсофистицирана технологија со висока додадена вредност и да станеме компанија број 1 со најголема додадена вредност во земјата.

Мисија: Костал Македонија се стреми да биде етаблирана како локација со најконкурентни цени, високо ефикасна, одржлива и  CO2 неутрална производствена локација за мехатроника, електронски склопови и контролни единици за примена на електрична енергија за ЕУ+ пазарот со искористување на регионални ресурси.