text size
„Македонски Телеком“ ја започна 2025 година со силна кампања за промоција на дигитални решенија за деловни корисници, првенствено дигитализација и дигитална безбедност. Ова не е изненадувачки бидејќи тоа е картата на која компанијата игра за да го помести растот на приходите од претходната ниска едноцифрена стапка на раст. Со оглед на тоа што пазарот на мобилна телефонија е многу заситен и речиси и да нема простор за раст, освен ценовната компонента, во тој сегмент, силната инфраструктура им овозможува да бараат раст.