text size
Откорнати дрвја, кровови и настрешници предизвика невремето кое вчера попладне го зафати Скопје, што е само потсетување дека климатските промени се реалност која што ќе мораме да ја прифатиме и на која ќе мораме да се приспособиме. Поради невремето проследено со силен ветер, се евидентирани повеќе од 1.000 повици од граѓани, а освен материјални штети има и повредени лица.