text size
Во услови на силни потреси на меѓународните пазари, кои кулминираа по воените дејства на Блискиот Исток и ги бојадисаа главните светски берзански индекси во црвено, берзите од регионот Адрија покажаа мешани, но во голема мера подобри резултати од почетокот на годината во однос на глобалните репери. Иако црвената боја преовладува и кај повеќето регионални индекси, таа е многу „побледа“ бидејќи минусите се помали. За да видиме што се крие зад ваквата слика во регионот анализиравме кои блучипови имаат најдобри перформанси, а кои, условно кажано, ги влечат индексите надолу.