text size
Цените на суровините конечно забавија во 2023 година (до средината на јуни), главно поради потоплата зима (за цените на енергијата), Црноморската иницијатива за жито (за житариците) и послабата побарувачка од главните економии во светот (особено слабите ефекти од повторното отворање на Кина). Кај некои суровини цените се придвижија во спротивна насока, на пример кај шеќерот, а под влијание на лошите временски услови. Но, севкупно целиот пазар забележа пад, што влијаеше врз намалување на инфлациските притисоци, посочуваат од аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ во новата анализа на трендовите на пазарот на суровини објавена на „Блумберг Адрија Инсајт“.