ББА прогноза: Стабилни резултати на „МОЛ Група“ во првиот квартал
Поволните цени на природниот гас и зачуваната побарувачка во потрошувачкиот сегмент се клучни фактори што ја поддржуваат ЕБИТДА на ниво на групацијата.
пред 2 дена
28 август 2023, 08:30
Се очекува просечната инфлација во Македонија во 2023 година да изнесува 9,3 проценти
Главен двигател на инфлацијата во сите земји од регионот Адрија сè уште е храната
Не се очекува нова енергетска криза, но постојат притисоци и неизвесност
Depositphotos
Годишниот пад на цените на енергијата предизвика појава на дефлациски притисоци во енергетскиот сектор и транспортот, што ги повлече надолу стапките на инфлацијата, укажуваат од аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ во новата анализа за движењата на инфлацијата во земјите од регионот Адрија, објавена на „Блумберг Адрија инсајт“. Тие очекуваат трендот да продолжи, бидејќи овој сегмент се прелева и на другите категории.
„Главниот двигател на инфлацијата во сите земји од регионот Адрија сè уште е храната и во повеќето земји инфлацијата во овој сегмент е речиси двојно повисока од стапката на вкупната инфлација. И покрај тоа што глобалните цени на храната се намалуваат, факторите на домашната понуда преовладуваат, особено по неодамнешните неповолни временски услови за земјоделството“, велат нашите аналитичари.
Тие додаваат дека цените на производителите сугерираат намалување на инфлациските притисоци што доаѓаат од страна на понудата.
„Иако сѐ уште растат, зголемувањето на цените на производителите забави, забележувајќи годишни стапки под вкупната инфлација, што придонесе за надолен тренд на стапките на инфлација“, велат аналитичарите.
Не се очекува нова енергетска криза, но има притисоци
Од нашиот аналитички тим велат дека како што се приближува зимата, енергетскиот сегмент ќе станува сè порелевантен, особено за земјите што не успеаја успешно да ги реорганизираат своите резерви.
„Во моментов не се очекува нова енергетска криза во остатокот од годината, но има некои акутни притисоци што доаѓаат од намалувањата на производството од ОПЕК+ и од неповолните временски услови, кои претставуваат ризици за хидроенергетскиот сегмент. Не треба да ги заборавиме и хроничните притисоци за преминување кон одржливи извори на енергија, како и геополитичките ризици“, укажуваат аналитичарите.
„Нашето основно сценарио не имплицира промена на цените на енергијата, додека во случај на енергетски инфлациски шок, кој претпоставува пораст на цените на енергијата од 11 проценти на годишно ниво во втората половина од 2023 година, нашата анализа сугерира дека стапките на вкупната инфлација на крајот од 2023 година ќе бидат повисоки. Ефектот е помал за Словенија (+2,8 п.п.) и за Хрватска (+3,2 п.п.), додека за остатокот од регионот е над +5 п.п.“, велат аналитичарите.
Висок базичен ефект од минатата година
Според нив, профилот на инфлацијата во втората половина од 2023 година во голема мера ќе биде поттикнат од високиот базичен ефект од втората половина на 2022 година, додека дополнителен надолен двигател ќе бидат пониските притисоци од трошоците, во споредба со крајот на 2022 година.
„Цените на производителите се во континуиран пад (како и во поголемиот дел од Европа), под силно влијание на намалувањето на цените во енергетскиот сектор, што ќе се преслика на потрошувачките цени. Иако се очекува стапката на вкупната инфлација во 2023 година да биде над историскиот просек, ова исто така значи дека вкупната економска активност во регионот Адрија ќе биде нешто над очекувањата“, велат аналитичарите.
Тие додаваат дека со оглед на тоа што номиналните плати во регионот ги следат зголемените животни трошоци, побарувачката останува упорна, што влијае врз брзината на забавување на инфлацијата.
„На деловна страна, умереното инфлаторно опкружување го прави попредвидливо деловното опкружување. Бизнисите можат да направат попрецизно планирање, а од друга страна можат да перципираат подобри финансиски услови за годините што доаѓаат“, заклучуваат нашите аналитичари.