text size
Тренд на раст на цените на становите во изминатиов период има во сите земји од регионот Адрија, а најголемо зголемување од 24,9 проценти во првото тримесечје од годинава има во Босна и Херцеговина. Во тесна битка за второто и третото место се Словенија со раст на цените на становите од 16,9 проценти во првото тримесечје од годинава и Македонија со годишно зголемување од 16,5 проценти во второто тримесечје од годинава.