text size
Управниот одбор на Комерцијална банка се проширува со уште двајца директори. Банката извести дека согласно последните измени на Статутот на Банката, во Управниот одбор влегуваат Билјана Максимовска Поповиќ, која ќе биде член и Главен директор за корпоративно банкарство и Никола Џамбазовски, како Главен директор за продажба и развој.