text size
Бил Гејтс се стекна со малцински удел во „Хајнекен холдинг“ (Heineken Holding NV), контролорот на втората по големина пиварница во светот, за околу 902 милиони долари. Основачот на „Мајкрософт“ минатата недела собра 3,8 отсто од „Хајнекен холдинг“, според пријавата на холандскиот регулатор АФМ. Тој купи 6,65 милиони акции во „Хајнекен холдинг“ и уште 4,18 милиони акции преку фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ (Bill & Melinda Gates Foundation).