text size
Тајванската компанија „Јагео“ и официјално влегува во Македонија. Договорот за инвестицијата, вредна 205 милиони евра, која треба да отвори околу 4.000 нови вработувања, денеска во Тајпеј го потпишаа директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, и менаџментот на конзорциумот „Јагео“. На церемонијата преку видеоконференциска врска се вклучи и премиерот Димитар Ковачевски.