text size
Германската авиокомпанија „Луфханза“ предупреди дека неизвесноста околу нејзините резултати за целата година е зголемена, бидејќи нестабилните цени на авионското гориво и пократките периоди за резервации го отежнуваат зголемувањето на профитот.
Компанијата во вторникот соопшти дека нејзината годишна приспособена добивка пред камати и даноци (EБИT) веројатно ќе се движи меѓу 1,7 милијарди и 2,2 милијарди евра. За споредба, минатата година оствари 1,96 милијарди евра, а претходно се очекуваше резултатот да биде „значително над“ ланското ниво.
„Луфтханза“ исто така се откажа од плановите за раст оваа година. Германскиот авиопревозник сега прогнозира дека капацитетот во текот на целата година ќе остане на нивото од 2025 година, наместо претходно најавениот раст од до 2 отсто.
Прочитај повеќе
Земјите од ОПЕК+ се согласија на мало зголемување на производството на нафта
Групата ги зголемуваше квотите секој месец во текот на војната во Иран.
02.08.2026
Нафтата ја враќа инфлацијата, ЕЦБ под притисок за нов потег
Пазарите сè повеќе очекуваат Европската централна банка да преземе нов чекор и повторно да ги зголеми каматните стапки.
31.07.2026
Светот повторно во паника од инфлација поради нафтата од 100 долари и новите царини
Нафтата надмина 100 долари за барел, Трамп најави нови царини, а рекордните инвестиции во ВИ повторно ги разгореа стравувањата дека инфлацијата ќе остане висока.
24.07.2026
Инфлацијата не удира сегде исто, ама тешко на сите ако САД и Иран не ги закопаат секирите
Висината на поскапувањата се разликува во зависност од градовите и регионите.
24.07.2026
Главниот финансиски директор Тил Штрајхерт изјави дека неизвесностите за втората половина од годината остануваат високи и дека прогнозирањето станува сѐ потешко. Сепак, компанијата е уверена дека дисциплината во контролата на трошоците и капацитетите, како и постојано силната побарувачка, ќе компензираат значителен дел од зголемените трошоци.
Оваа прогноза следува по разочарувачкиот втор квартал, во кој добивката се преполови на 383 милиони евра, што е под очекувањата на аналитичарите од околу 477 милиони евра. Главна причина беше зголемувањето на трошоците за гориво за 750 милиони евра во однос на истиот период лани. Нестабилноста на цените на горивото исто така негативно влијаеше врз профитабилноста на авиокомпании како „Рајан ер“ и „Изиџет“.
Годината станува сѐ попредизвикувачка за најголемата европска воздухопловна групација, што претставува тест за напорите на извршниот директор Карстен Шпор да ја подобри профитабилноста. Трошоците за гориво нагло пораснаа поради конфликтот на Блискиот Исток, а „Луфтханза“ проценува дека тоа ќе ја чини дополнителни 1,5 милијарди евра оваа година. Компанијата исто така се соочи со серија штрајкови на пилотите и кабинскиот персонал за време на преговорите за работничките права, што во кварталот предизвика трошоци од најмалку 150 милиони евра.
„Луфтханза“ ја намали и прогнозата за капитални инвестиции. Сега очекува да потроши околу 2,5 милијарди евра оваа година, наместо претходно планираните 2,9 милијарди евра, поради помалиот број испораки на нови авиони од првично предвидениот.
Како одговор на растечките трошоци, компанијата го забрза затворањето на регионалната подружница „Ситилајн“, укина околу 20.000 нерентабилни летови на кратки релации и повлече од употреба постари авиони со висока потрошувачка на гориво. Покрај тоа, планира да укине 4.000 административни работни места до 2030 година и дел од капацитетите да ги пренасочи од својата поскапа матична авиокомпанија кон поновите единици како „Дисковер ерлајнс“ и „Сити ерланјс“, каде што трошоците за екипажот можат да бидат и до 40 отсто пониски.
Позитивна точка за „Луфтханза“ е карго-бизнисот, каде што добивката во вториот квартал порасна за речиси 60 отсто. Компанијата исто така истакна дека пошироката потрошувачка останува стабилна, а приходите по патник на азиските линии биле за повеќе од 13 отсто повисоки во споредба со минатата година.
И покрај предизвиците, „Луфтханза“ продолжува да бара можности за проширување. Минатата недела, таа и „Ер Франс КЛМ“ доставија конкурентни обврзувачки понуди за купување малцински удел во државната португалска авиокомпанија „Тап“, атрактивна компанија која обезбедува пристап до пазари како Латинска Америка. Понудите моментално ги разгледува државната холдинг-компанија „Парпублика“.