text size
Федерален судија во Њујорк пресуди дека „Ју-Ес-Еј Тудеј“(USA Today Co), „Дејли Мејл“ (Daily Mail General and Trust Plc) и група големи издавачи можат да бараат отштета од над 3,2 милијарди долари за штетата предизвикана од монополизирањето на пазарите за технологија за рекламирање од страна на „Гугл“ (дел од „Алфабет“).
Во одлуката донесена доцна во средата, федералниот судија П. Кевин Кастел од Менхетен изјави дека ќе дозволи да продолжат судските постапки пред порота во врска со тоа како однесувањето на „Гугл“ – поврзано со неговата платформа за размена на реклами „АдХ“ (AdX) – им нанело штета на големите издавачи.
Тој пресуди дека група од околу 5.000 издавачи може да бараат отштета од околу 1,7 милијарди долари од „Гугл“, отфрлајќи го барањето на компанијата да ги оспори пресметките за штетата. Исто така, тој одлучи дека „Ју-Ес-Еј Тудеј“ и „Дејли Мејл“, кои поднесоа посебни тужби, ќе можат да бараат отштета од околу 900 милиони, односно 600 милиони долари.
Прочитај повеќе
Вработените во Гугл се сомневаат во способностите на новиот Џемини 4
Успехот на Џемини 4 е клучен за Гугл, чии производи се потпираат на моделот. Внатрешните оценки, сепак, укажуваат на нееднакви способности во програмирањето.
пред 13 часа
Гугл им се придружи на Опен еј-ај, Антропик и Мета во откривањето хакирања од ВИ
Гугл е најновата технолошка компанија што призна упади од свој ВИ-модел, засилувајќи го алармот околу понатамошното развивање на агентите на вештачката интелигенција.
19.09.2026
„Гугл“ ќе инвестира 13 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција во Финска
Инвестициите во следните две години ќе вклучуваат изградба на најмалку три нови центри за податоци.
09.09.2026
„Гугл“ за осум дена потпиша договори со три фудбалски гиганти: Војната за ВИ се сели на стадионите
„Гугл“ на почетокот на август склучи партнерства со Пари Сен Жермен, Баерн и Барселона, поврзувајќи ги Џемини и „Пиксел“ со три од најголемите брендови во европскиот фудбал. Серијата на договори покажува колку спортот станува важен во борбата на технолошките компании за корисници на вештачка интелигенција и за удел на пазарот на паметни телефони.
19.08.2026
Министерството за правда на САД и група сојузни држави поднесоа тужба против „Гугл“ во 2023 година, обвинувајќи ја компанијата за незаконско монополизирање на неколку области од технологијата за рекламирање што се користи за купување, продавање и прикажување на онлајн-реклами на многу веб-страници. Федерален судија во Вирџинија утврди дека компанијата незаконски монополизирала два пазара за технологија за рекламирање и минатиот месец пресуди дека „Гугл“ мора да овозможи неговите алатки за рекламирање да функционираат со оние на конкурентите, но одби да нареди поделба на бизнисот.
Тужбите што се во тек во Њујорк бараат отштета поврзана со истото однесување. Кастел сè уште нема одредено датум за судење.
„Гугл“,„Ју-Ес-Еј Тудеј“ и „Дејли Мејл“ не одговорија веднаш на барањата за коментар.