text size
Највисокото раководство на „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs Group Inc) ќе добијат специјален бонус што ќе се вброи меѓу најголемите исплати од ваков вид што компанијата некогаш ги доделила. Околу 20 високи раководители се во ред за добивање награди во акции, кои ќе бидат финализирани подоцна овој месец и чија вредност, според моменталната цена на акциите, ќе надмине 500 милиони долари (според официјални документи и извори запознаени со случајот). Оваа сума е резултат на петгодишен период во кој „Голдман“ оствари подобри резултати од повеќето свои конкуренти.