Градежното друштво „Гранит“ преку Македонската берза информира дека дел од членовите на Управниот одбор се стекнале со акции од компанијата.
„Страшо Милковски, претседател на Управниот одбор се стекна со 626 обични акции, Андреа Серафимовски, член на Управниот одбор се стекна со 3.074 обични акции и Катерина Ѓердовска, член на Управниот одбор се стекна со 121 обични акции“, информираат од компанијата.
„Блумберг Адриа“ неодамна објави дека Милковски се стекна со 3.550 обични акции, Серафимовски се стекна со 2.888 обични акции, Ѓердовска се стекна со 2.713 обични акции, а Виолета Божиновска, член на Надзорниот одбор се стекна со 2.888 обични акции од „Гранит“.
Прочитај повеќе
Менаџери на ‚Гранит‘ во ‚поход‘ по акции од компанијата
Раздвижена динамика на тргување со акции од компанијата
29.09.2022
Страшо Милковски купи 17.868 акции од ‚Гранит‘
Акциите се продадоа по цени од 1.360 до 1.490 денари за акција.
26.09.2022
Продадени големи блокови акции од ‚Гранит‘ за 575.000 евра
Во четири блок-трансакции истргувани 24.653 акции од градежната компанија
26.09.2022
Продадени големи блокови акции од ‚Гранит‘ и ‚ТТК Банка‘
Четири милионски блок трансакции на берзата минатата недела
19.09.2022
Претходно објавивме дека во четири блок-трансакции со вкупна вредност од 35,4 милиони денари или околу 575.000 евра на Македонската берза беа истргувани 24.653 акции од градежната компанија „Гранит“. Акциите се продадоа по цени од 1.360 до 1.490 денари за акција. Исто така, објавивме дека претседателот на Управниот одбор, Страшо Милковски се стекнал со 17.868 акции од компанијата.
Според податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност, заклучно со 3 октомври, годинава најголеми поединечни акционери во „Гранит“ се Ивана Милковска-Симева со сопственост на 8,84 проценти од вкупниот број акции, Зоран Милковски, кој поседува 8,67 проценти од акциите, ГД „Гранит“ (9,81 проценти) и Отворениот задолжителен пензиски фонд „Сава пензиски фонд“ (7,51 проценти).