Винарската визба „Тиквеш“ преку Македонската берза информира дека е извршена промена на членови во Управниот одбор на компанијата.
„По одлука од седница на Надзорниот одбор од 29.09.2022 отповикани се двајца членови на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“ и тоа Снежана Славкова и Мате Настески, и избрани се двајца нови членови и тоа Драган Тилев и Зоран Јовановски“, соопшти компанијата.
Според податоците објавени на берзата, управата на компанијата сега ја сочинуваат Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор, Радош Вукичевиќ, генерален директор и член на УО и Џон Јоновски, Љупчо Крстевски, Искра Клинкарова, Драган Тилев и Зоран Јовановски, сите членови на Управниот одбор на компанијата.
Надзорниот одбор на „Тиквеш“ го сочинуваат Ратко Чадиковски, претседател, Миле Бундовски, Тихомир Атанасовски, Борче Илиоски и Христина Ружиновска, независен член.