text size
Американската компанија „Лонгтејл Ад Солушенс“ ќе се стекне со самостојна контрола врз македонската компанија „Инплеер Хуб“ (Inplayer Hub) преку стекнување удел и средства, како и врз одредени средства на англиската компанија „ИнПлеер Лимитед“ (InPlayer Limited). За промените во сопственоста веќе е известена Комисијата за заштита на конкуренцијата.