text size
Компанијата (Twitter) Твитер, која по налог на новиот сопственик Илон Маск одлучи да отпушти речиси половина од своите вработени во петокот, сега бара од дел од вработените да се вратат назад на работните места. Маск плати 44 милијарди долари за една од најпознатите компании во светот, а освен купопродажбата светот го обиколија вестите за масовните отпуштања секако, предводени од самиот нов сопственик. Извори од Твитер кои сакаа да останат анонимни тврдат дека менаџментот тврдел дека некои вработени кои компанијата ги отпуштила и сега бара да се вратат назад, добиле отказ по грешка. Другите наводно биле отпуштени пред раководството да сфати дека нивната работа и искуство може да бидат неопходни за реализација на новите функции кои ги замисли Маск, изјавија изворите.