text size
Новата регулатива на Европската Унија (ЕУ) што се однесува на дополнителна давачка за емисијата на јаглероден диоксид при производството ќе почне од 2026 година, но од 1 јануари 2023 година ќе започне транзицискиот период во кој компаниите ќе имаат обврска да ја пријавуваат емисијата на CO2, а засега не и да плаќаат за тоа загадување. Златко Ветеровски од Царинската управа, во гостување на Блумберг Адрија ТВ, го објаснува детално процесот на имплементација на новата европска регулатива.