text size
„Кара“ ДООЕЛ е новиот сопственик на земјиштето на кое досега беше „Реплек маркет“ ДООЕЛ, односно познатиот „Хубо маркет“. Информацијата ја објави „Реплек“ АД - Скопје, соопштувајќи на Македонската берза дека купопродажбата се случила на 29 декември 2022 година. Станува збор за земјиште од 3.558 квадратни метри, а зделката вреди 1,4 милион евра со ДДВ.