text size
Авиопревозникот „Ер Франс-КЛМ“ соопшти дека „ја сврте страницата“ од периодот на пандемијата, која предизвика невиден пад на индустријата и изнуди владина финансиска помош за спасување на компанијата, предвидувајќи дека ќе ја напушти државната помош оваа година и ќе се врати на целосниот капацитет на патници до крајот на 2023 година.