text size
„Мета“ (Meta Platforms Inc) се подготвува за нова рунда кратења на работните места, насочени кон различни сектори и различни подружници на компанијата низ светот. Тоа е дел од напорите за реорганизирање и намалување на персоналот и може да влијае на илјадници работници, објави „Вашингтон пост“.