text size
Винарската визба „Тиквеш“ лани оствари добивка по оданочување од 184 милиони денари (2,9 милиони евра), што е зголемување за 27 проценти во однос на претходната година кога добивката на компанијата изнесувала 144 милиони денари(2,3 милиони евра), покажува билансот на успех на компанијата објавен преку Македонската берза.