text size
„Мермерен комбинат“ АД Прилеп лани оствари добивка по оданочување од 859,6 милиони денари (13,9 милиони евра), што е намалување за 5,7 проценти во однос на претходната година кога добивката на компанијата изнесувала 911,8 милиони денари (14,8 милиони евра), покажува билансот на успех на компанијата објавен преку Македонската берза.