text size
„Ербиенби“ (Airbnb Inc) отпушти 30 проценти од својот персонал за регрутирање оваа недела, иако планира да го зголеми вкупниот број на вработени. Кратењата погодија 0,4 проценти од вкупната работна сила од 6.800 работници во компанијата со седиште во Сан Франциско, рече портпаролот, истакнувајќи дека тоа не е показател дека ќе следуваат и други отпуштања.