Ќе излезе ли „Спејс екс“ на Маск на берза во 2026?
Акциите сега се по 421 долар, а вредноста на компанијата достигнува 800 милијарди долари.
пред 6 часа
16 март 2023, 10:51
Веќе подолго време швајцарската банка ја следат скандали и правни проблеми
Bloomberg
„Кредит Суис“ (Credit Suisse Group AG) ќе добие заем од 50 милијарди швајцарски франци (54 милијарди долари) од централната банка на Швајцарија за да се справи со кризата на доверба што го потресе светскиот финансиски систем.
Проблематичната банка ќе позајмува пари од фондови наменети за обезбедување ликвидност и ќе се обиде да купи обврзници во евра и долари во вредност до три милијарди франци, се вели во соопштението објавено во четвртокот, околу 2 часот по полноќ, во Цирих. Пред објавувањето, на светските пазари се тргуваше исклучително променливо, а главен двигател беше грижата за здравјето на финансискиот гигант од Швајцарија. Некои од најголемите фирми од Европа и САД почнаа одново да ја оценуваат својата изложеност на капитал од швајцарскиот заемодавец.
Ваквиот заем, последен пат направен на ова ниво во 2008 година, за време на финансиската криза, е најголемиот во историјата на „Кредит Суис“ (Credit Suisse). Вредноста на акциите во средата потона за 31 отсто, а вредноста на обврзниците исто така упатуваше на можни финансиски проблеми.
„Случувањата во 'Кредит Суис' и одговорот на пазарот покажуваат колку е чувствително расположението сега“, рече Чару Чанана од „Саксо“ (Saxo Capital Markets).
Американските акции вратија дел од нивните загуби откако централната банка соопшти дека ќе ја обезбеди потребната ликвидност во случај на вонредна состојба. По веста за 50 милијарди франци, фјучерсите во Европа полетаа. Акциите во Азија не реагираа на ист начин и индексите беа во просек за два отсто пониски во однос на претходниот ден.
„Овие мерки покажуваат подготвеност да се зајакне позицијата на 'Кредит Суис' додека ја продолжуваме нашата стратегиска трансформација“, рече извршниот директор Улрих Кернер. „Мојот тим и јас остануваме посветени на тоа да ја направиме банката поедноставна и пофокусирана на потребите на клиентите“, додаде тој.
Последните понуди за откуп на корпоративни обврзници се однесуваат на доларски записи во вредност од 2,5 милијарди и 500 милиони евра.
Втората по големина банка во Швајцарија, основана во 1856 година, во изминатиот период се справува со скандали, грешки, правни проблеми и промени во управувањето.