text size
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје го именуваше Гоце Вангеловски за нов член на Управниот одбор на банката.
„Вангеловски во моментов ја извршува функцијата помошник на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, а функцијата член на Управен одбор, официјално ќе ја преземе по добивање на лиценцата од Народната банка. Со назначувањето на Вангеловски на новата функција, Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје од сегашните три, ќе се зголеми на четири члена“, соопшти банката.