text size
Реплек АД Скопје ги зајакнува позициите на престижниот и пребирлив пазар на Европската Унија. Еден од најпродаваните фармацевтски производи „Ибупрофен“ веќе е достапен на пазарот во Унгарија. Стручните тимови на компанијата работат на зајакнување на позициите на овој пазар, а се разгледуваат и можностите за зголемување на извозното портфолио и на други пазари во ЕУ, соопштија денеска од компанијата.