text size
„Јунајтед ерлајнс“ (United Airlines Holdings Inc.) соопшти дека планира да вработи 50.000 работници до 2025 година бидејќи авиопревозникот се шири на меѓународно ниво. „Компанијата со седиште во Чикаго очекува да пополни 15.000 работни места оваа година, откако за ист број го зголеми персоналот и во 2022 година“, информира денеска Џош Ернест, главен директор за комуникации на компанијата.