text size
„Леново“ (Lenovo Group) оствари 62 милијарди долари приход и нето-добивка од 1,6 милијарда долари во финансиската година што заврши на 31 март 2023, објави групацијата, истакнувајќи дека нејзината оперативна маржа достигнала највисоко ниво во последните 20 години. Извршниот одбор на компанијата објави конечна дивиденда за фискалната година во износ од 3,8 американски центи по акција.