Собранието на акционери на „Макпетрол“ АД – Скопје на вчерашната седница донесе одлука за отповикување на членовите на Надзорниот одбор поради истек на мандатот, соопшти компанијата преку Македонската берза.
За членови на Надзорниот одбор, со мандат од шест години се избрани: Александар Спасовски, Филип Чадиковски - независен член, Саша Лекиќ и Марина Веселинска.
Лекиќ и Веселинска доаѓаат на местата на Звонко Трифунов и Дејан Левески кои досега беа членови на Надзорниот одбор на компанијата.
Прочитај повеќе

„Макпетрол“ лани оствари добивка од 20,9 милиони евра
Вкупните приходи во 2022 година бележат раст и ги надминуваат и предпандемските нивоа, во најголем дел поради зголемувањето на цените на нафтените деривати
28.02.2023

„Макпетрол“ ќе го снадби ЕСМ со гас за скопските топлани
Понудата на „Макептрол“ била со најниска цена
25.02.2023

Андреја Јосифовски доби награда за животно дело за развој на претприемништво
Претседателот на УО на Макпетрол доби признание за животно дело „Креатори на векови“
23.10.2022

Интервју Јосифовски: Засега нема алтернатива за рускиот гас
Според првиот човек на Макпетрол, во следните три до пет години нема да има многу опции за замена
21.07.2022
Од „Макпетрол“ информираат дека членот на Надзорниот одбор, Александар Спасовски, поседува 80 акции со право на глас, што е 0,072 проценти од вкупниот број на издадени акции од друштвото.
„Членот на Надзорниот одбор, Филип Чадиковски, не поседува акции со право на глас од друштвото. Членот на Надзорниот одбор, Саша Лекиќ, поседува 235 акции со право на глас, што е 0,2 проценти од вкупниот број на издадени акции од Друштвото. Членот на Надзорниот одбор, Марина Веселинска, не поседува акции со право на глас од друштвото“, соопшти компанијата.