text size
Приходите на „Македонски телеком“ во првата половина од 2023 година останаа речиси на исто ниво споредено со истиот период лани. Во однос на првиот квартал, приходите се намалени. Малото намалување на приходите на домашниот пазар од два отсто се компензира со растот на приходите од странски пазари и други деловни приходи, анализира аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ во коментар за работењето на компанијата во периодот од јануари до јуни годинава.