Акционерот Сергеј Самсоненко продаде 11.119 обични акции со право на глас издадени од „Жито Полог“ АД Тетово и повеќе не поседува акции од компанијата, информираа од „Жито Полог“ преку Македонската берза.
„Лицето Тони Јосифовски се стекна со 11.119 обични акции со право на глас издадени од „Жито Полог“ АД Тетово , што претставува 19,86 проценти од вкупниот број на издадени акции на друштвото“, соопшти компанијата.
Ова е трета поголема промена во сопственичката структура на „Жито Полог“ во изминативе неколку месеци. „Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека на почетокот на јули годинава „АС Сењак“ продаде 3.112 обични акции со право на глас издадени од „Жито Полог“ и дека повеќе не поседува акции од компанијата.
Прочитај повеќе
Нова промена во сопственичката структура на „Жито Полог“
Намален бројот на акционери во компанијата
06.07.2023
Сергеј Самсоненко ја зголеми сопственоста во „Жито Полог“
Акционерот Златко Пирузе продал 6.417 обични акции со право на глас издадени од „Жито Полог“ АД Тетово и дека веќе не поседува обични акции издадени од друштвото
06.06.2023
Претходно, во јуни годинава рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко се стекна со 2.469 обични акции со право на глас издадени од „Жито Полог“ АД Тетово и тогаш поседуваше вкупно 11.119 обични акции односно 19,86 проценти од вкупниот број издадени акции на друштвото. Истовремено, акционерот Златко Пирузе продаде 6.417 обични акции со право на глас издадени од „Жито Полог“ АД Тетово кои ги купи друштвото за реклама, маркетинг, трговија и услуги „Лид комјуникејшнс“ДОО Скопје.