text size
Вицегувернерката Емилија Нацевска заедно со професорката Паула Субачи (Paola Subacchi) од Универзитетот Квин Мери во Лондон и истражувачот Џан Ферети (Gian Ferretti) од Брукингс центарот за макроекономски истражувања (англ. Brookings Institution) учествуваше на панелот „Подвојување на глобалниот финансиски систем - импликации за трговијата, капиталните текови и девизните курсеви" којшто беше дел од дискусиите на симпозиумот на високо ниво во организација на централната банка на Ерменија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс.