text size
Македонската компанија „Реплек“ го доби сертификатот EUGMP (Good manufacturing practice) од Европската агенција за лекови (ЕМА) по четврти пат, што, според компанијата, е потврда за квалитетот на производите во согласност со највисоките стандарди на Европската Унија. Од друга страна, овој сертификат е услов за влез на пазарот на ЕУ, но истовремено е исклучително важен и за пласман на другите пазари и во земји што не се дел од Унијата.