text size
Македонската берза информира дека во понеделник (25.09.2023 година) на барање на членката „Комерцијална Банка“ по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции од страна на продавачот „Топлификација“ АД Скопје-во стечај ќе се понуди за продажба пакет од 77.414 обични акции издадени од „Скопје Север“ АД Скопје.