Од „Халк банка“ преку Македонската берза информираа дека согласно одлуките на Надзорниот одбор Томче Тасевски и Букет Геречџи повеќе не ја извршуваат функцијата член на Управен одбор, извршен директор во банката.
Како извршен директор, Тасевски беше одговорен за Секторот за наплата на ризични побарувања, правни работи и сигурност на информативните системи и Секторот за финансиско управување и планирање, Дирекцијата за внатрешна контрола, Дирекцијата за управување со ризици и Дирекцијата за усогласеност со прописи и СППиФТ.
Како извршен директор, Геречџи беше одговорна за Секторот за маркетинг и Секторот за операции и информациски системи.
Прочитај повеќе

„Халк банка“ го зголеми капиталот за 30 милиони евра
Банката ќе издаде емисија на долгорочни акции што ќе ги купи матичната банка од Истанбул.
17.07.2023
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...