Во најновата сезона на „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“ (The Real Housewives of Beverly Hills), едно од најгледаните американски реалити шоуа, познатата холивудска актерка Денис Ричардс во друштво на остатокот од екипата уживаше во чајот „Гуд Нејчр“ (Good Nature) на „Алкалоид“.
Во десеттата епизода од актуелната 13-та сезона, една од ѕвездите, Кристал Кунг Минкоф, на тако-забавата која ја организира за своето друштво од Беверли Хилс го послужува токму чајот на „Алкалоид“ како свој избор на пијалак.
„Само споменатата епизода постигна гледаност од над 1.100.000 гледачи, што за нашиот бренд значи постигнување огромна видливост и е уште една потврда дека квалитетот е секогаш препознаен – дома и во светот“, велат од „Алкалоид“.
„Алкалоид“ како производител на чаеви е присутен на американскиот пазар речиси 20 години, најпрво преку соработката со „АВЕДА“ (AVEDA), членка на групацијата „Есте лаудер“ (Estee Lauder), а потоа и со пласман на своето портфолио „Гуд Нејчр“ во 2010 година.
„Четири години подоцна, како следен чекор во ширењето на брендот „Гуд Нејчр“, чаевите на „Алкалоид“ стануваат достапни за продажба и преку најголемата платформа за онлајн-трговија „Амазон“, исполнувајќи ги високите критериуми што ги налага светски познатиот гигант при изборот на производи кои можат да се продаваат преку платформата.“, велат од „Алкалоид“.
Во 2020 година „Гуд Нејчр“ остварува уште еден успех добивајќи признание за еден од своите производи, чајот „Хелти Харт“ (Good Nature Healthy Heart), кој се најде на престижната листа на најпродаваните производи на „Амазон“.