text size
Агро - фирмите имаат на располагање нови 5 милиони евра за инвестициски прокети. Поголем дел од парите се обезбедени преку ИПАРД прогарама, а со нив ќе бидат поддржани проекти кои предвидуваат инвестиции за преработка и производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, овошје и зеленчук, преработка на житарици, производство на мелнички продукти, растителни производи и масла, маснотии од животни како и производство на вино.