text size
За промена на дел од членовите на Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“ ќе одлучуваат акционерите на банката на претстојното Собрание чија седница е закажана за 27 март годинава. Група акционери поднела предлог на местото на досегашните членови Таки Фити и Сава Димитрова во одборот да седнат Петар Теговски и Ивана Милковска Симева. Со предлог одлуката се предвидува во одборот да останат досегашните членови Фатмир Етеми, Ванчо Чифлиганец, Горан Антевски, Сашо Наумоски и Александра Максимовска Стојковска.